Хирургија

Хирургијата игра огромна улога во поставувањето на дијагнозата, како и во третманот на канцерот. Онколошките хируршки интервенции се изведуваат единствено од страна на хирурзи специјализирани во тој домен.

Полиња на примена на хируршки третман

Во рамките на хируршката онкологија се применува куративната хирургија. Куративната хирургија се применува доколку болеста е ограничена на еден орган или на лимфните јазли каде првпат се појавила. Кај овие пациенти не би требало да бидат присутни далечни метастази и не треба да има остаток од туморот на местото на хируршката ресекција. Туморот може да биде целосно отстранет со тоа што неговите граници ќе бидат добро одредени. Сепак, има случаи кога туморот не може да биде целосно отстранет. Во такви случаи се применува операција за намалување на туморската маса со цел да се намали притисокот врз околното ткиво и да се овозможи подобар ефект од дополнително спроведената терапија. Покрај тоа, отстранувањето на метастазите, доколку се во мал број, ги зголемува шансите за излекување на пациентот. Онколошка операција може да се примени и во рамките на палијативниот третман. Исто така, може да се спроведе и третман кој би помогнал да се намалат симптомите од туморот. Хируршка интервенција може да се примени и во други полиња на дијагноза и на лекување. 

Овие области се групирани во четири главни групи:

Профилактичка хирургија:

Хируршко отстранување на ткивата кои се под ризик да станат малигни. Цревни полипи, повреди и преканцерози на кожата и импланти во градите кои се под ризик да станат канцерозни може да се лекуваат со профилактичка хирургија.

Биопсија

Mетод дефиниран како опсервација и патолошка евалуација на примерок земен за време на хируршка интервенција. Со биопсија може да се постави прецизна хистопатолошка дијагноза.

Одредување на стадиум:

Метод познат како земање примероци од одредените делови со цел да се утврди до кој степен е раширена болеста.

Адјувантна или дополнителна терапија:

Се применува откако точно е дефиниран стадиумот на болеста и кога се има за цел да се постигне куративен третман.

Естетска реконструкција

Пациентите во „Аџибадем Систина“ имаат можност за естетска реконструкција на отстранети дојки и тестиси. Реконструкцијата на дојка може да се изведе за време на операцијата за отстранување на туморот или, пак, по завршување на онколошкиот и радиотерапевсткиот третман. За многу пациенти кои го победиле карциномот на дојка реконструкцијата на дојка е вистинскиот избор. Имплантацијата на вештачки тестис позитивно влијае на психата кај мажот и на неговиот физички изглед. Имплантирање може да се изврши за време на операцијата на отстранување на тестисот или подоцна по завршување на лекувањето.

НОВОСТИ И НАСТАНИ

Д-р Душко Михајлоски: Магнетната резонанца 3 Tesla ќе донесе нова ера во дијагностиката

Инвестирањето во најсовремениот апарат за магнетна резонанца 3 Tesla е уште една потврда за определбата на „Аџибадем Систина“ да биде лидер во… Read More

MRI 3 Tesla - Нова ера во дијагностиката

MRI 3 Tesla претставува најсовремен апарат за магнетна резонанца, кој за првпат во…

Радиохирургија на револуционерниот TRILOGY единствено во „Аџибадем Систина“

Радиохирургијата е тип на зрачна терапија со која се третираат тумори, најчесто во…

СВЕДОШТВА

Човечноста е заштитен знак за „Аџибадем Систина“

Извор: Hello Magazin Сите ја обожаваат, ѝ се восхитуваат и ја сакаат. Но, кога лично ќе ја запознаете веднаш сфаќате и зошто. Едноставно ве маѓепсува… Read More

Language