Карцином на бели дробови

Карциномот на белите дробови е одговорен за најголем број смртни случаи предизвикани од канцер. Се смета дека еден од главните ризик фактори за неговата појава е пушењето. Доколку е откриен во рана фаза, шансите за лекување се поголеми.

Што претставува?

Карциномот на бели дробови настанува кога клетките на здравото белодробно ткиво започнуваат со неконтролирана структурна пролиферација при што формираат туморска формација во белите дробови. Туморската маса најпрвин расте во својата непосредна околина пред да се прошири и да ги оштети соседните ткива или далечните органи (црн дроб, коски, мозок итн.). Карциномот на белите дробови опфаќа 12–16% од вкупниот процент на малигни заболувања. Покрај тоа, овој тип карцином е одговорен за најголемиот број смртни случаи поврзани со малигните заболувања кај мажите и жените.

Кои се фактори на ризик?

Пушењето цигари е еден од најважните и докажан ризик фактор за појава на карцином на бели дробови. Луѓето кои пушат по една кутија цигари на ден во период од 30 години имаат 20 пати поголеми шанси да заболат од карцином на бели дробови од оние што не пушат. Постои висок ризик фактор и кај луѓето кои почнале да пушат пред својата дваесетта година, како и за пасивните пушачи изложени на чад од цигари. И покрај тоа што ризикот се намалува по пет години од откажувањето на цигарите, сепак, е присутен. Дополнителни фактори кои го зголемуваат ризикот се загадувањето на воздухот, претходна белодробна болест, како и член од семејството заболен од канцер на бели дробови.

Кои се симптомите?

Болеста може да не манифестира симптоми сe до напредните стадиуми. Тивкиот прогрес е она што го прави карциномот на бели дробови толку опасен. Симптоми што може да укажуваат на присуство на карцином се следнивe: сезонско кашлање и континуирано исфрлање слуз кај пушачи со хроничен бронхитис, искашлување крв, отежнато дишење, бодеж во градите кој се шири посебно позади во лопатките или рамената. Сепак, во раните стадиуми на канцер, пред да се почувствуваат спомнатите симптоми, се појавуваат само симптоми како губење на апетитот, слабост, губиток во тежина и потење. Во некои случаи карциномот може да се идентификува со симптоми поврзани со далечни органи како црн дроб, мозок, надбубрежни жлезди или коски.

Како се дијагностицира?

Има неколку методи за дијагностицирање на карцином на бели дробови: радиолошки испитувања (нативна рендгенграфија на бели дробови, тест за пулмонарна функционалност, компјутерска томографија, снимање со магнетна резонанца, ПЕТ/КТ), како и анализа на примерок од слузта, ендоскопска евалуација на бронхии (бронхоскопија), бронхоскопска биопсија или биопсија на плевра, медијастиноскопија за проверка на лимфните јазли во медијастинумот и видеоасистирана торакоскопска операција.

Дали е можно рано дијагностицирање?

Раната дијагноза е можна кај 15% од пациентите поради фактот што карциномот на бели дробови ретко покажува симптоми пред да се рашири на лимфните јазли во соседните ткива или други органи. Раното дијагностицирање на карциномот на белите дробови најчесто е случајно и се утврдува во текот на прегледите кои се изведуваат поради некое друго нарушување. На пример, болеста е дијагностицирана при тест за пулмонална функционалност, белодробна томографија, бронхоскопија или цитолошко испитување на слузта (преглед на клетките во слузта под микроскоп).

Како се лекува?

Откако е поставена дијагнозата, најважно е да се утврди проширеноста на заболувањето или неговиот стадиум. Карциномот на бели дробови има четири стадиуми. Еден од најважните фактори од кои зависи и резултатот од болеста е степенот на зафатеноста на лимфните јазли и оштетувањата во околните ткива и органи. Општо познат метод за третман на карциномот во неговите рани стадиуми (стадиум 1 и 2) е хируршката интервенција. Кога е дијагностициран во третиот или четвртиот стадиум обично се применува радиотерапија, хемотерапија или хеморадиотерапија. Во одредени случаи се применува хируршка интервенција и кога болеста е откриена во трета или четврта фаза со цел да се обезбеди подобар квалитет на живот на пациентот и да се отстранат одредени симптоми на болеста.

НОВОСТИ И НАСТАНИ

Д-р Душко Михајлоски: Магнетната резонанца 3 Tesla ќе донесе нова ера во дијагностиката

Инвестирањето во најсовремениот апарат за магнетна резонанца 3 Tesla е уште една потврда за определбата на „Аџибадем Систина“ да биде лидер во… Read More

MRI 3 Tesla - Нова ера во дијагностиката

MRI 3 Tesla претставува најсовремен апарат за магнетна резонанца, кој за првпат во…

Радиохирургија на револуционерниот TRILOGY единствено во „Аџибадем Систина“

Радиохирургијата е тип на зрачна терапија со која се третираат тумори, најчесто во…

СВЕДОШТВА

Човечноста е заштитен знак за „Аџибадем Систина“

Извор: Hello Magazin Сите ја обожаваат, ѝ се восхитуваат и ја сакаат. Но, кога лично ќе ја запознаете веднаш сфаќате и зошто. Едноставно ве маѓепсува… Read More

Language