Доц. Д-р Никола Баџаков
Афродита. П, 58
Сакам да ја изразам својата благодарност до доц. д-р Никола Баџаков, за неговата стручност и професионалност. Во најтешките моменти во мојот живот, во борбата со канцерот, тој ми ја даде најголемата поддршка за да ја победам болеста. Благодарение на неговата компетентност, јас денеска го живеам својот втор живот.
Виданка. С 42
Огромна благодарност до доц. д-р Никола Баџаков за професионалноста и стручноста, како и за неговата позитивност. Тој ме водеше во моите тешки моменти. Ви благодарам „Аџибадем Систина“, продолжете и понатаму да растете и да се развивате. Вие сте нашите спасители.
Фиданка. П 53
Чиста 10-ка за вашата болница! Особено сакам да ја потенцирам стручноста, љубезноста и исклучителноста на доц. д-р Никола Баџаков! Тој е посебен, психотерапевт и одличен човек и стручњак – ГЕНИЕ! Тој ми помогна да ги поминам најтешките денови во борбата со канцерот.