Давид, 5 години

ЗА ВЕЛИГДЕН ДАВИД ЗАМИНА ДОМА

„Те молам држи ме за рака, заедно да одиме на машината за сила. На таа машина јас ќе добивам сила.“ Со овие зборови не пречека, 5-годишниот Давид Домазетовски, кој се подготвуваше да замине на последниот, 31-ви зрачен третман на акцелераторот Trilogy во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.
Ова утро Давид стана три часа порано, за да заврши со терапијата, и по четири месеци лекување во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се подготвуваше да замине дома во Битола. Со цврсто стегната рака, пристигнавме на Oдделот за радиотерапија. Тој веднаш си ги побара физичарите кои беа одговорни за неговата терапија на Trilogy.
„Каде е Јасин, да ми ја стави маската на Зоро.“ Давид го бараше физичарот кој ја подготви маската која мора да ја носи за прецизност на третманот, и зрачењето започна.
Кога се врати во собата го пречека проф. д-р Јовица Угриновски. Силно се прегрнаа, и Давид му вети дека ќе дојде повторно за заедно да играат фудбал.

Туморот на мозокот беше со големина на јајце

Давид Домазетовски, на 22 декември 2014 година, беше ургентно хоспитализиран, по дијагноза на тумор на мозокот со големина на јајце. И покрај високиот ризик од интервенцијата, проф. д-р Угриновски, успешно го отстрани туморот.
„Ако следиме медицински правила, Давид не требаше да се оперира. Тоа е како да оперираш мртов човек. Но мојот инстикт и искуството ми даде за право и покрај тоа што шансите за преживување беа еднакви на нула, да влезам во операциона сала и да оперирам. Што беше пресудно? Пресудното беше брзината на интервенцијата. Фактот дека ситуацијата се влоши во 2 часот наутро, а ние влеговме во сала во 3 часот наутро, само еден час по случката, што ми будеше надеж дека ќе го излечам. Операцијата траеше околу 4 часа, се извади целиот тумор и почна голготата која траеше со месеци. Да се ослободи од машината, да почне сам да дише, да добие движење на рацете и нозете. Вклучени беа сите екипи, првенствено анестезиолозите, физикална терапија“, објаснува д-р Угриновски.

По 45 дена Давид ги отвори очите

Секој ден, беше нова искра надеж за мајката Ана, таткото Михајло и за целиот персонал, дека Давид ќе ги отвори очите.
„45 дена беше на апарати, секој ден го чекавме да се разбуди. Бевме големи оптимисти и веруваме, имавме голема надеж и верба. Бевме со мисла дека сè е тоа нормално. Секое утро доаѓавме во 8 часот тука, влегуваме позитивни и насмеани. Постојано му зборевме, му пеевме, му пуштавме музика. Целиот персонал беше насмеан и наклонет кон него. Имаше атмосфера како ништо да не се случува. Имавме дозвола од професорот постојано да бидеме покрај него, постојано да му зборуваме и да го храбриме. Едноставно да нè чувствува. Професорот Угриновски доаѓаше секој ден по неколку пати за да го види и чекаше дали тој ќе закашла. Еден ден додека разговаравме со него, Давид се закашла. Професорот кога го чу тоа само силно извика „браво“ и беше многу среќен. Тоа беше моментот кој го чекавме. Давид надмина сè. Тој почна да ги отвора очите на 45 ден“, со солзи во очите Ана Домазетовска, се потсеќа на тешките моменти од интензивното лекување на Давид. Од тој ден, Давид храбро се бореше. Полека секој ден сè повеќе и повеќе напредуваше. Сега го чека нова битка. По неколку недели Давид треба да се врати за да почне со хемотерапискиот третман.
Денеска за Давид беше најважно да си отиде дома. Со нетрпение очекуваше да го види изненадувањето кое го подготви неговата постара сестричка. Заедно со мајка му и татко му ги собраа играчките, кои ги доби како подарок од вработените во „Аџибадем Систина“ и си замина за Битола.

Болницата „Аџибадем Систина“ бесплатно ни обезбеди зрачење на Тrilogy

„Никогаш нема да можам да се оддолжам, на менаџментот и на медицинскиот персонал во „Аџибадем Систина“ што направија за нас. Давид беше вистински миленик за нив. Не дозволија ништо да му недостига. Целиот наш неколкумесечен престој во болницата беше бесплатен. Тие ги покрија трошоците на Давид на зрачниот третман на Trilogy. Болницата бесплатно ни ги обезбеди најдобрите услови за неговото лекување, а посебно сместување добивме и ние за да бидеме постојано покрај него“, објаснува Ана Домазетовска, мајката на Давид.

НОВОСТИ И НАСТАНИ

Д-р Душко Михајлоски: Магнетната резонанца 3 Tesla ќе донесе нова ера во дијагностиката

Инвестирањето во најсовремениот апарат за магнетна резонанца 3 Tesla е уште една потврда за определбата на „Аџибадем Систина“ да биде лидер во… Read More

MRI 3 Tesla - Нова ера во дијагностиката

MRI 3 Tesla претставува најсовремен апарат за магнетна резонанца, кој за првпат во…

Радиохирургија на револуционерниот TRILOGY единствено во „Аџибадем Систина“

Радиохирургијата е тип на зрачна терапија со која се третираат тумори, најчесто во…

СВЕДОШТВА

Човечноста е заштитен знак за „Аџибадем Систина“

Извор: Hello Magazin Сите ја обожаваат, ѝ се восхитуваат и ја сакаат. Но, кога лично ќе ја запознаете веднаш сфаќате и зошто. Едноставно ве маѓепсува… Read More

Language