Карцином на црн дроб

Симптомите на карциномот на црниот дроб најчесто се појавуваат во подоцнежната фаза, по лекување на хепатит Б, хепатит Ц или цироза. Како резултат на тоа, луѓето носители на вирусот хепатит треба да прават редовни контроли.

Што претставува?

Кај нас хепатитот Б и хепатитот Ц претставуваат чест здравствен проблем. Доколку лицето страда од вирусот хепатит, постои висок ризик за развој на канцер на црн дроб. Поради ова, лицата со хепатит и оние кои  имаат хронично заболување на црниот дроб, треба внимателно и редовно да ја следат здравствената состојба. Се препорачуваат редовни превентивни прегледи.

Кои се симптомите?

Канцерот на црниот дроб не покажува симптоми кога е во рана фаза и затоа се нарекува тивок тумор. Подоцна може да се појави болка во десниот предел на стомакот, a во напредната фаза се јавува голема абдоминална болка, губење на тежината и оток во абдоменот.

Како се дијагностицира?

Дијагнозата на канцерот на црниот дроб се поставува преку радиолошки снимки. Канцерот може да се открие преку ултрасонографија, компјутерска томографија и магнетна резонанца. Исто така, во дијагноза на канцер на црн дроб, преку крв, се испитува и тумор-маркерот алфафетопротеинот (AFP).

Како се лекува?

Целосното отстранување на карциномот на црниот дроб е со хируршка интервенција. Кај пациентите кои имаат нормална функција на црниот дроб и карциномот може да се отстрани се препорачува операција. Но, операцијата, исто така, може да се направи доколку пациентот има потреба од трансплантација на црниот дроб. Овој метод се препорачува за пациентите коишто имаат цироза. Кај пациентите кај кои не може да се направи хируршка интервенција, се применуваат други инванзивни методи. Меѓу нив е методот на хемоемобилизација. При овој метод, се става лек во хепаталната артерија. На тој начин се ограничува растот на канцерот. 
Други алтернативни методи се: инјектирање алкохол, радиофреквентна аблација и криотерапија. При овие методи, канцерогената маса се уништува со топлина, ладење или хемиско влијание. Хемотерапијата често се користи кај другите видови канцер, меѓутоа кај овој тип на карцином не е доволно ефикасна терапија.

Кои се фактори на ризик?

По третманот, канцерот може повторно да се појави или да се се развие хепатит или цироза. Поради тоа, состојбата кај пациентот треба внимателно да се следи. Ткивото на црниот дроб се следи со компјутерска томографија и магнетна резонанца. Доколку се појави нова канцерогена маса, се планира нова операција или локално лекување. Пациентите кај кои е направена трансплантација на црниот дроб треба внимателно да се следат поради повторна појава на болеста.

НОВОСТИ И НАСТАНИ

Д-р Душко Михајлоски: Магнетната резонанца 3 Tesla ќе донесе нова ера во дијагностиката

Инвестирањето во најсовремениот апарат за магнетна резонанца 3 Tesla е уште една потврда за определбата на „Аџибадем Систина“ да биде лидер во… Read More

MRI 3 Tesla - Нова ера во дијагностиката

MRI 3 Tesla претставува најсовремен апарат за магнетна резонанца, кој за првпат во…

Радиохирургија на револуционерниот TRILOGY единствено во „Аџибадем Систина“

Радиохирургијата е тип на зрачна терапија со која се третираат тумори, најчесто во…

СВЕДОШТВА

Човечноста е заштитен знак за „Аџибадем Систина“

Извор: Hello Magazin Сите ја обожаваат, ѝ се восхитуваат и ја сакаат. Но, кога лично ќе ја запознаете веднаш сфаќате и зошто. Едноставно ве маѓепсува… Read More

Language